
Во првото коло од англиската Лиг 2, Олдам Атлетик, на домашниот ,,Баундери Парк”, го пречека велшкиот Њупорт.
И покрај фаворитската улога, Њупорт покажа релативно потпросечна игра, но накрај успеа да триумфира со минимални 0-1.
Стрелец на единствениот погодок беше најстариот професионален фудбалер во Англија, Кевин Елисон (88′), кој влезе во игра како џокер во 73. минута.
Имено, Елисон беше долгогодишен член на Моркамб, но од минатата сезона премина во Њупорт.
Моментално, Англичанецот има 42 години, а договор за оваа сезона потпиша пред само три дена.



