Четирите мечеви во изминатите четири викенди во потполност ги истрошија силите на харлерите на Ватерфорд.
Имено, двократните шампиони беа елиминирани во полуфиналето на Ол-Ајрленд Сениор Харлинг Чемпионшип од страна на Лимерик, кој славеше со (1-25) 28-17 (0-17).
Во првите дваесет минути игра, Ватерфорд беше конкурентен противник, но со серијата од 6-0 помеѓу 21. и 28. минута, Лимерик го стави мечот под своја контрола.
Кај поразениот состав, единствени со над два поени беа Стивен Бенет (0-8) и Остин Глисон (0-4).
На спротивната страна, освен голгетерот Арон Џилејн (1-5), поентерски се истакнаа Том Мориси (0-5) и Шејмус Фланаган (0-4).
Во големото финале, Лимерик ќе се соочи со победникот од дуелот помеѓу Килкени и Корк.