
Финалистот на минатогодишниот плејоф, а воедно и еден од конкурентите за промоција, Свонси, ја започна сезоната со пораз на ,,Ивуд Парк”.
Имено, Велшаните во првото коло од новата Чемпионшип сезона загубија со 2-1 од Блекбурн Роверс.
Блекбурн поведе во 36. минута, откако Сем Галагер ја затресе мрежата на Стевен Бенда.
На самиот старт на второто полувреме, домаќините го удвоија своето водство, откако Бен Бреретон (47′) беше прецизен од белата точка.
Предноста од два гола на Блекбурн траеше само пет минути, бидејќи Џејми Патерсон (52′), со својот првенец во дресот на Свонси, го постави конечниот резултат.
Освен Роверс, новата сезона со победа ја започнаа уште Лутон, Хал и Стоук, додека пет натпревари завршија нерешено.



