
После Стејси Драгила (2000) и Џенифер Сур (2012), третата Американка со олимписка титула во скок со стап стана Кејти Нажет.
Нажет денес беше единствена што прескокна височина од 4,90 метри и покрај потешкотиите на првата поставка од 4,50.
На 4,90 метри се обидоа да скокнат уште три натпреварувачки, но сите завршија со по три неуспешни обиди.
Од нив, со сребро се закити Анжелика Сидорова (4,85) од Русија, додека ,,бронзена” беше Холи Бредшоу (4,85).
Имено, Бредшоу стана првата Британка што освоила олимписки медал во скок со стап.
На четвртата позиција и покрај најдобриот резултат во 2021, заврши Грчката натпреварувачка и шампионката од Рио – Катерина Стефаниди (4,80).
Главната адутка на САД во оваа дисциплина, Сенди Морис, поради несреќа во квалификациите не избори настап во финалето.



