
На трката на 400 метри во машка конкуренција актуелниот светски првак, Стивен Гардинер, стана нов олимписки шампион.
Атлетичарот од Бахами ја истрча делницата од еден круг за време од 43,85 секунди, стекнувајќи се со првото олимписко злато.
Со сребро се закити Колумбиецот Ентони Хозе Замбрано (44,08), а третопласиран беше Кирани Џејмс од Гренада (44,19).
За Џејмс, ова беше одлично враќање на тартанот после дијагностицираната автоимуна болест во 2017, притоа освојувајќи го првиот олимписки бронзен медал за својата земја.
На четвртата позиција се пласираше Мајкл Чери (44,21), а најголемиот фаворит, Мајкл Норман (44,31), беше петти.



