
Скокот во височина ја донесе најголемата возбуда од сите досегашни настани на ЛОИ 2020 во Токио.
Имено, златото во оваа дисциплина во машка конкуренција го освоија двајца натпреварувачи, кои наместо директен дуел, се согласија да го поделат најсјајното одличје.
Катарецот Мутаз Еса Баршим и Италијанецот Џанмарко Тамбери се новите олимписки шампиони во скок во височина, откако без грешка ги прескокнаа сите обиди со максимална висина од 2,37 метри.
Освен нив, трипати на 2,39 метри погреши и Максим Недасеков од Белорусија, кој поради претходните потфрлувања се закити со бронза.
Скокачот од Јужна Кореја, Сангхјок Ву, дојде до четвртата позиција, откако постави нов национален рекорд од 2,35 метри.
Иста височина како него прескокна и петтопласираниот Австралиец – Брендон Старк.



