вторник, ноември 17, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Тенис

Калин загуби во осминафиналето на јуниорскиот Вимблдон, но Македонија доби талент во тенис!

Марјан Туртуров ✏️ Марјан Туртуров
јули 9, 2021
📁 Тенис
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Ивановски загуби во осминафиналето на јуниорскиот Вимблдон, но покажа дека Македонија има голем тениски талент.

Калин Ивановски го заврши настапот на јуниорскиот Вимблдон откако денеска во два сета го загуби мечот од Британецот, Џек Пинингтон Џонс, но македонската јавност во изминатите денови виде дека има тенисер кој може да направи сериозна кариера. 

Македонскиот тенисер Калин Ивановски кој неодамна наполни 17 години го презентираше својот талент на јуниорскиот Вимблдон. Од тоа што го покажа можеше да се забележи дека конечно имаме тенисер кој со напорна работа може да ја претставува Македонија на големите тениски турнири.

По двете победи, Ивановски денеска во осминафиналето за противник го имаше седмиот носител, Британецот Џек Пинингтон Џонс кој се обиде и во квалификациите на сениорскиот Вимблдон.

Денешниот меч беше посебен за Ивановски, првпат играше пред речиси полно гледалиште, спроти себе го имаше најдобриот Британец во јуниорска конкуренција па дуелот се играше на третиот по големина терен на Вимблдон.

Ивановски одигра одличен прв сет и малку фалеше да го добие, го загуби со 7-5. Македонецот во вториот сет не освои гејм. Калин загуби дел од трпението, направи неколку неизнудени грешки, а по третиот гејм заработи и повреда на бутниот мускул поради која зема медицински тајм-аут, се врати но само за формално да го доигра мечот и со неколку убави поени да најави дека неговото време допрва доаѓа.

За Калин ова беа и први настапи на трева во кариерата, пред да го почне учеството на Вимблдон, одигра само еден меч на оваа подлога, на турнир во Рохемптон. 

ShareTweet
Претходна вест

Македонскиот репрезентативец Ристо Николов се сели во Швајцарија

Следна вест

Александар Љафтов – Првиот МАКЕДОНЕЦ што ќе игра во најсилната одбојкарска лига

Марјан Туртуров

Марјан Туртуров

Слични вести

Иако загуби на Вимблдон, Ѓорческа доби голем комплимент од светската тениска ѕвезда
Тенис

Иако загуби на Вимблдон, Ѓорческа доби голем комплимент од светската тениска ѕвезда

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
30/Јун/2026
ЛИНА ГО НАПРАВИ НЕВОЗМОЖНОТО – МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ЌЕ СЕ ВЕЕ НА ВИМБЛДОН!
Тенис

ЛИНА ГО НАПРАВИ НЕВОЗМОЖНОТО – МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ЌЕ СЕ ВЕЕ НА ВИМБЛДОН!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
25/Јун/2026
Лина ја сруши третата носителка за четвртфинале во Шпанија
Тенис

Ѓорческа на чекор до историја: Лина избори финале во квалификациите за Вимблдон

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
24/Јун/2026
Лина Ѓорческа ја “растури” првата носителка и се пласира во четвртфинале
Тенис

Лина Ѓорческа успешно ја мина првата пречка во квалификациите за Вимблдон

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
23/Јун/2026
Следна вест

Александар Љафтов - Првиот МАКЕДОНЕЦ што ќе игра во најсилната одбојкарска лига

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.