
Атланта Хокс го отворија полуфиналето со гостински триумф над Милвоки Бакс со резултат од 116-113.
На мечот, резултатот беше во потполност изедначен, односно ниеден тим во ниту еден момент не поведе со двоцифрена разлика.
Од редовите на Атланта, Тре Јанг постави личен рекорд во плејофот со дабл-дабл од 48 поени и од 11 асистенции.
Од неговите соиграчи, по две двоцифрени статистики имаа Џон Колинс (23 поени и 15 скокови) и Клинт Капела (12 поени и 19 скокови).
На спротивната страна, Јанис Антетокумбо уфрли 34 кошеви, 12 скокови и 9 асистенции, а Џру Холидеј асистираше 10, а погоди 33 пати.



