
По воведниот пораз во четврт-финалната серија, Филаделфија 76ерс поврзаа две победи и поведоа со вкупни 2-1 против Атланта Хокс.
Синоќа беше одигран нивниот трет дуел, кој заврши со резултат од 111-127 во корист на Филаделфија.
Во текот на речиси цел натпревар, 76ерс имаа предност, само што истата во првото полувреме беше константно едноцифрена, а во второто – двоцифрена.
Од победничкиот состав, најефикасен беше Џоел Ембиид со 27 кошеви, а уште 22 поени додаде Тобијас Херис.
Кај Атланта, Тре Јанг беше најпрецизен со 28 поени, а поентерски се истакнаа Џон Колинс (23) и Богдан Богдановиќ (19).



