Ст. Луис Кардиналс се наоѓаат во очајна серија, откако синоќа го запишаа деветтиот пораз на последните единаесет пресметки.
Имено, ,,Кардиналите” беа поразени со резултат од 8-5 од Чикаго Кабс, кои дојдоа до третиот врзан триумф.
После петтиот ининг, Ст. Луис имаше минимална предност од 5-4, но во наредните три периоди Кабс поентираа дури четири пати.
За поразениот состав, по четири бази освоија Тајлер О’Нил, Јохан Овиедо (х2), Томи Едман и Дилан Карлсон.
На спротивната страна, по еден хоум-ран постигнаа Џок Пидерсон, Ентони Рицо и Вилсон Контрерас, а со трчање поентираа уште Џејсон Хејвард (х2), Серхио Алкантара и Џејк Марисник.
На табелата на Националната лига, Кабс (36-27) го заземаат третото место, а Кардиналс (32-31) се наоѓаат на седмата позиција.