
На последните четиринаесет средби, екипата на Тексас Ренџерс успеа да запише само две победи.
Првата од нив беше изборена против Тампа Беј Рејс (5-4), а втората ја остварија синоќа против Сан Франциско Џајантс со 4-3 после два дополнителни периоди.
Најпрво, Џајантс поведоа со 0-2, а во последниот ининг, ,,Ренџерите” изборија продолжение, израмнувајќи на 2-2.
Имено, за калифорнискиот состав, со хоум-ран поентираа Џејсон Вослер и Чадвик Тромп, а четири бази освои Маурисио Дубон.
На спротивната страна, сите поени паднаа после трчање, а во листата на поентерите се запишаа Ели Вајт, Ајзеа Кинер-Фалефа, Вили Каљун и Нејт Лоу.
На табелата на Американската лига, Ренџерс (24-39) се наоѓаат на претпоследната позиција, додека Сан Франциско (38-23) го држи самиот врв во Националната лига.



