
По третпат на последните четири меѓусебни пресметки, Чикаго Вајт Сокс ги добија Детроит Тигерс, триумфирајќи со 3-0.
Единствените поени на мечот паднаа во вториот ининг, кога по четири бази освоија Адам Итон, Ендру Воган и Ник Мадригал.
За победничкиот состав, неверојатна партија одигра фрлачот Дилан Сис, кој за седум ининзи, освои дури десет страјк-аути.
Со синоќешната победа, Вајт Сокс (36-23) скокнаа на второто место на Американската лига, додека Детроит (24-35) ја држи дванаесеттата позиција.



