Фантастичниот Лука Дончиќ стана најмладиот играч од кога се игра НБА кој во седмиот натпревар од плеј-офот постигнал 40 поени и го сруши рекордот на Леброн Џејмс. Дончиќ го заврши мечот со 46 поени, 14 асистенции и 7 скокови, но неговиот Далас загуби против фаворитот за титула Лос Анџелес Клиперс со 126-111.
Најрасположен кај победникот беше Каваи Ленард кој постигна 28 поени и додаде уште 10 скокови и 9 асистенции.