
Актуелните шампиони на НХЛ, Тампа Беј Лајтнинг, дојдоа на само чекор од пласманот во полуфиналето, откако поведоа со вкупни 3-1 против Каролина Хурикејнс.
Во нивниот четврт меѓусебен дуел, одигран синоќа, претставниците на Флорида славеа над Каролина со 6-4.
После првата третина, Тампа Беј имаше предност од 1-0, откако мрежата на Петр Мразек ја затресе Брејден Поинт.
До 13. минута на вториот период, Хурикејнс успеаја да направат целосен пресврт и да поведат со 2-4, но пред наредната пауза, нивното водство потполно исчезна, бидејќи следуваше ,,шах-мат” на Тампа Беј за 5-4.
За гостинскиот состав, четирите погодоци ги забележаа Теуво Тераваинен, Јеспер Фаст, Даги Хамилтон и Џејкоб Славин.
Што се однесува до домаќините, во листата на стрелците двапати се запиша Стивен Стамкос, а по еднаш Никита Кучеров и Тајлер Џонсон.
Во седмата минута од третиот дел, Кучеров, со својот втор гол на мечот, само ја завери победата на својот тим и го постави конечниот резултат.



