
Екипата на Ст. Луис Кардиналс синоќа го запиша четвртиот пораз во низа, откако по трет последователен пат загуби од Синсинати Редс со 2-5.
После петтиот ининг, резултатот гласеше 2-2, но со двата поени во шестиот и со едниот во седмиот период, Редс дојдоа до посакуваниот триумф.
За домашниот состав и двата поени паднаа по ударите на Нолан Аренадо, а поентери беа Томи Едман и Пол Голдшмидт.
На спротивната страна, хоум-ран постигнаа Џонатан Индија и Еугенио Суарез, а со освојување на бази поентираа уште Тајлер Наквин, Такер Барнхарт и Џеси Винкер.
Во Националната лига, Кардиналс (31-28) го заземаат седмото место, додека Редс (27-29) се наоѓаат на деветтата позиција.



