Maкедонските одбојкари предмалку во салата “Парк” во Струмица во интересен меч славеа во полуфиналето во Европската сребрена лига против селекцијата на Хрватска со 3-2 по сетови (15-25, 25-19, 25-22, 21-25 и 15-12) и се пласира во утрешното финале.
Капитенот Никола Ѓорѓиев блескаше со 23 поени, додека одличен беше и Љафтов со 14 поени. Одлична игра од сите кои беа на теренот посебно од младиот Стојан Илиев кој одигра одлично после повредата на Владо Милев.



