Тоше Ончев бекот на Работнички од идната сезона ќе биде член на тимот на Тримо Требње во Словенија, чиј тренер е легендарниот словенечки ракометар Урош Зорман.
Еден од најдобрите стрелци во Суперлигата Тоше Ончев во кариерата покрај Работнички има настапувано за Вардар, Вардар Јуниор и Пелистер, Вернуј и Вернон од Франција и Фаикас Корфу од Грција.