Македонскиот шампион Вардар 1961 ги засили редовите за следната сезона со францускиот интернационалец Жереми Тото. Францускиот ракометар игра на позицијата пивотмен, а доаѓа од полската екипа Висла Плоцк, со која настапи на фајнлфорот во Лига Европа.