
Единствениот синоќешен натпревар од НБА лигата го одиграа Далас Маверикс и ЛА Клиперс.
Имено, Клиперс триумфираа со 97-104 и ја израмнија меѓусебната серија на 3-3, изборувајќи ,,мајсторка”.
На мечот, резултатот беше неизвесен сè до завршните минути на четвртата четвртина, кога Клиперс во два наврати поведоа со максимални +10.
Неверојатна партија за претставниците на Калифорнија одигра Каваи Ленард, кој забележа 45 поени.
Од неговите соиграчи се истакна уште Пол Џорџ со дабл-дабл од 20 поени и од 13 скокови.
Кај Маверикс, две двоцифрени статистики имаше Лука Дончиќ (29 кошеви и 11 асистенции), а 23 поени додаде Тим Хардавеј Џуниор.
Седмиот, односно решавачкиот дуел помеѓу двете екипи ќе биде одигран утре со почеток од 21.30 часот.



