
Колорадо Аваланш синоќа поведоа со вкупни 2-0 против Вегас Голден Најтс, откако славеа после продолжение со 3-2.
Во регуларниот дел, односно во првата и во втората третина, Аваланш двапати поведуваа, а ,,Златните витези” двапати израмнија за изборување на дополнителен период.
За Вегас, во првата третина погоди Алек Мартинез, додека во втората, во листата на стрелците се запиша и Рајли Смит.
Кај победничкиот состав, во регуларниот дел стрелаа Брендон Саад и Тајсон Џост, а после две минути од продолжението погоди Мико Рантанен.



