Првопласираниот тим на Истокот во регуларната сезона, Филаделфија 76ерс, избори пласман во четврт-финалето, откако ги порази Вашингтон Визардс со вкупни 4-1.
Синоќа, 76ерс го остварија последниот триумф над претставниците на главниот град на САД, славејќи со 129-112.
Во поголемиот дел на првото полувреме Вашингтон беше тимот што имаше минимална предност, но ситуацијата во потполност се смени во третата и во четвртата четвртина.
Накрај, Бредли Бил беше најефикасен кошаркар на Визардс со 32 поени, додека неговиот соиграч, Расел Вестбрук, постигна дабл-дабл од 24 поени и од 10 асистенции.
Кај 76ерс, Сет Кари беше најпрецизен со 30 кошеви, а трипл-дабл запиша Бен Симонс (19 поени, 10 скокови и 11 асистенции).
Во четврт-финалната фаза, Филаделфија ќе ги одмери силите со Атланта Хокс, кои ги елиминираа Њујорк Никс со 4-1.