
Вчера беше комплетиран регуларниот дел од првата дивизија Север на Националната фудбалска лига, откако беше одиграно третото коло.
Во него, Донегал освои важен бод против Армах, откако ремизираше со (1-16) 19-19 (1-16).
Со новиот поен, ,,Зелено-жолтите” останаа на врвот на табелата на својата група со една победа и со две ремија.
На второто место заврши Тироун, кој со гол-разлика беше поуспешен од третопласираниот Армах, додека на дното остана Монахан.
За Донегал, второто реми во низа, освоено во отсуство на капитенот Мајкл Марфи, значеше и директен пласман во полуфиналето, каде што за две недели ќе ги одмери силите со вториот тим од Југот.
Во почетниот тек на мечот, Армах беше составот, кој ја држеше контролата во своите раце.
На полувреме, составот од Северна Ирска водеше со (0-10) 10-6 (0-6), но во завршницата на вториот дел, Донегал успеа да дојде до изедначување.
Стрелец на голот за домаќините беше Тирнан Кели (1-1) во 56. минута, а од неговите соиграчи, четири поени забележа уште Стефан Кемпбел.
Кај Донегал, а воедно и на мечот, најефикасен беше Патрик МекБрерти (0-8), а во почетната фаза на второто полувреме, мрежата на Блејн Хјус ја затресе Мајкл Ланган.



