
Торонто Мејпл Лифс дојдоа на само чекор од пласман во четврт-финалето, откако синоќа поведоа со вкупни 3-1 против Монтреал Канадиенс.
Имено, со победата од 0-4, Торонто се наоѓа на само еден триумф од првата освоена плејоф-серија после 2003/04.
Клучна за славјето на Мејпл Лифс беше втората третина, во која, со головите на Вилијам Ниландер, на Џејсон Спеца и на Џоу Торнтон, стекнаа предност од 0-3.
Во последниот период, конечниот резултат го постави Алекс Галчењук со првиот гол во плејофот после шест години.
На голот на победничкиот состав беше Џек Кемпбел, кој го оствари својот трет овосезонски шут-аут со одбранетите 32/32 противнички шутеви.



