
Екипата на Аризона Дајамондбекс синоќа дојде до деветтиот пораз на последните десет пресметки, откако загуби со 0-8 од Сан Франциско Џајантс.
Џајантс дојдоа до посакуваниот резултат со три поени во првиот и во третиот, односно со еден поен во седмиот и во деветтиот ининг.
На мечот беше постигнат еден хоум-ран, кој беше дело на Иван Лонгорија во третиот период, кога на теренот се наоѓаа уште Бастер Поуси и Алекс Дикерсон.
Истите тројца играчи освоија по четири бази уште еднаш на истата средба, а останатите два поени ги постигнаа Мајк Јастрземски и Брендон Белт.
Најдобриот фрлач на Џајантс на овој дуел беше Кевин Госман, кој дојде до страјк-аути после сам о пет ининзи.
Со поразот, Аризона (18-31) падна на последното место во Националната лига, додека Сан Франциско (29-19) се наоѓа на третата позиција.



