
Бруклин Нетс поведоа со 2-0 во осмина-финалната серија против Бостон Селтикс, откако синоќа ги совладаа со 130-108.
За тимот од Њујорк, сè тргна како ,,подмачкано” уште во првата четвртина, кога стекнаа капитална двоцифрена предност и ја држеа до самиот крај.
Од победничкиот состав, Кевин Дурент, Џоу Херис и Џејмс Харден имаа одличен меч со постигнати 26, 25 и 20 поени.
На спротивната страна, Маркус Смарт и Кемба Вокер беа најефикасни со 19 и со 17 кошеви, а дабл-дабл од 15 поени и од 11 скокови имаше Тристан Томпсон.



