
Мемфис Гризлис ќе бидат последните учесници во овосезонскиот НБА плејоф, откако синоќа славеа над Голден Стејт Вориорс со 112-117 после продолжение.
Токму Мемфис беше тимот што водеше двоцифрено во поголемиот дел од мечот, но накрај сепак успеа да ја прокоцка позитивата и да им овозможи на Вориорс дополнителни пет минути.
Од редовите на Голден Стејт, најефикасен со 39 поени беше Стеф Кари, додека дабл-дабл и трипл-дабл запишаа Ендру Вигинс (22 поени и 10 скокови) и Дрејмонд Грин (11 поени, 16 скокови и 10 асистенции).
Кај Гризлис, најмногу се истакна Џа Морант со 36 кошеви, а по него следуваше Дилон Брукс, кој уфрли 14 поени.
Како најслаб учесник во плејофот од Западната конференција, Мемфис ќе ги одмери силите со првопласираните после регуларната сезона – Јута Џез.



