Екипата на Еуро Никел 2005 е првиот учесник во полуфиналето на плеј-офот. По втор пат во рок од два дена, кавадарчани беа подобри од Гостивар. Сега и на гостински терен, за да ја затворат четвртфиналната серија со брзи (2-0)
ГОСТИВАР – ЕУРО НИКЕЛ 2005 68:74 (0-2)
Екипата на Пелистер ќе игра во полуфиналето на плеј-офот и останува во трката за шампионскиот трофеј. Во рок од 48.часа битолчани беа подобри од екипата која им ја укина шансата да атакуваат на другиот трофеј во сезона, Навико Академија ФМП.
Со такви размислувања допатуваа битолските „селено-бели“ во главниот град. И максимално успешно си го одработија својот дел од задачата. Преминаа во полуфиналето по само 80. одиграни минути.
НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – ПЕЛИСТЕР 45:87 (0-2)
Екипата на Работнички е третиот полуфиналист на плеј-офот. По втор пат на исто место, беше подобра од дебитантот во друштвото на најдобрите, и со брзи (2-0) ја затвори серијата во четвртфиналето.
А „костурот“ на натпреварувањето за противник во полуфиналето им го носи Еуро Никел 2005 кој исто така во два натпревари, беше подобар од Гостивар.
На вториот меч во СРЦ „Кале“…
ТФТ – РАБОТНИЧКИ 80:86 (0-2)
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром не успеаја да ја продолжат серијата на победи во дуелите против Куманово 2009.
Кумановци се надминаа себеси, имаа постојано водство против новиот освојувач на Купот, во драматичен финиш го имаа својот прв адут Ливингстон, кој прво погоди тројка, а потоа два пати беше мирен и од линијата за слободни фрлања. Па по 48 часа, во Скопје, следува мечот на одлука.
КУМАНОВО 2009 – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 99:95 (1-1)



