
Единствениот синоќешен натпревар од НХЛ го одиграа екипите на Винипег Џетс и на Торонто Мејпл Лифс.
За нив, ова беше последен меч од регуларната сезона, а истиот заврши со 4-2 во корист на Винипег.
Во првите 25 минути игра, Торонто двапати доаѓаше до водство со головите на Пјер Енгвал и на Илја Михејев, а Џетс успеаја да израмнат на 1-1 преку Мејсон Еплтон.
Во втората половина од овој дуел, најдобриот голгетер на Џетс, Кајл Конор, двапати ја затресе мрежата на Џек Кемпбел, а последниот гол го постигна Џансен Харкинс, кој се запиша во листата на стрелците за првпат сезонава.
На табелата на Северната дивизија, Торонто останува на врвот, додека Винипег ја зазема третата позиција.
Во плејофот, Мејпл Лифс ќе ги одмерат силите со најлутите ривали, Монтреал Канадиенс, а Винипег ќе се соочи со Едмонтон Оилерс.



