
Јута Џез речиси сигурно ќе го заземат првото место во Западната конференција после регуларната сезона пред сè поради синоќешниот триумф над Оклахома Сити Тандер од 93-109.
Оваа победа на Џез беше очекувана поради фактот дека Оклахома има 26 порази на последните 28 пресметки.
На мечот, гостите од Солт Лејк Сити водеа цело време, а во четвртата четвртина достигнаа и максимални +29.
Бојан Богдановиќ (Јута), со 22 поени беше најефикасен кошаркар на паркетот, а дабл-дабл оствари неговиот соиграч Руди Гобер (16 поени и 18 скокови).
Кај поразениот состав, Украинецот Свјатослав Михаилиук уфрли 19 кошеви, а по 18 имаа Габриел Дек и Тео Маледон.
На Западот, Јута (51-20) и понатаму останува во водство, додека Оклахома (21-50) ја зазема претпоследната позиција.



