
Сан Диего Падрес ја оправдаа фаворитската улога и синоќа дојдоа до втората последователна победа со триумфот од 1-8 над Колорадо Рокис.
Рокис го запишаа четвртиот пораз во низа, иако го започнаа мечот со водство од 1-0 уште во првиот ининг.
Падрес постигнаа два поени во петтиот и шест поени во шестиот ининг за да дојдат до конечниот резултат.
Со хоум-ран за победничкиот состав поентираше Мани Машадо, а освен него, по четири бази освоија уште Џејк Кроненворт (х2), Тукупита Маркано, Томи Фем, Ха-Сеонг Ким и Трент Гришам.
Од друга страна, Раимел Тапија постигна поен со трчање за Колорадо по ударот на Чарли Блекмон.
Со овој триумф, Падрес (20-16) се искачија на четвртата позиција во Националната лига, додека Рокис (12-23) го заземаат последното место.



