
Почнувајќи од средината на април, екипата на Отава Сенаторс одигра десет средби и на нив забележа седум победи.
Токму последната од нив ја оствари синоќа, откако ги совлада Винипег Џетс со 2-1.
Во првата третина, со својот осумнаесетти овосезонски погодок, Конор Браун им донесе предност на Сенаторс во момент кога Винипег имаше пауер-плеј ситуација.
Во средината на третиот период, Џош Мориси успеа да ја затресе мрежата на Филип Густавсон и на тој начин да израмни на 1-1.
Сепак, радоста на Џетс беше краткотрајна бидејќи победничкиот гол за Отава го постигна Никита Зајцев на 73 секунди пред крајот.
Моментално, Винипег има негативна серија од седум врзани порази, но сепак остана на третото место во Северната дивизија.
Од друга страна, Отава го држи шестото место, но поради катастрофалниот старт на сезоната, нема никакви шанси за плејоф.



