
Питсбург Пиратес ја имаат една од најлошите активни серии во МЛБ.
Имено, ,,Пиратите” синоќа загубија од Сан Диего Падрес со 2-0 и го запишаа петтиот врзан пораз.
И двата поени на мечот паднаа во седмиот ининг, додека во другите периоди, резултатот стоеше на ,,нула”.
Поентери за победничкиот состав беа Мани Машадо и Вил Мајерс, кои освоија по четири бази после ударите на Томи Фем и на Остин Нола.
Од фрлачите на Падрес, по три страјк-аути освоија Мигел Диаз и Остин Адамс, додека Тајлер Андерсон од Пиратес целосно исфрли пет играчи.
На табелата на Националната лига, Сан Диего (17-13) го држи петтото место, додека Питсбург (12-16) стои на тринаесеттата позиција.



