
Бризбејн Бронкос дојдоа до втората овосезонска победа, откако во осмото коло на НРЛ ги совладаа Голд Коуст Титанс со 36-28 во дербито на Квинсленд.
Имено, мечот беше составен од две огромни серии, а на полувремето резултатот гласеше 22-22.
Најпрво, Титанс поведоа со 0-22, за потоа Бронкос да стекнат капитална предност со серијата од 36-0.
За победничкиот состав, надоместениот дефицит од 22 поени претставува најголем во историјата на клубот, кој е основан во 1988.
Најдобар играч на мечот беше Џамејн Исаако од Бризбејн, кој освен двата есеи (23′, 38′) погоди 5/6 конверзии и еден пенал.
Освен него, во листата на поентерите се запишаа уште Херби Фарнворт (17′), Ксавиер Коудс (31′), Кори Оутс (46′) и Џеси Артарс (50′).
Кај Голд Коуст, Џамал Фогарти имаше 4/5 прецизни конверзии, а по еден есеј запишаа Кевин Проктор (2′), Кори Томпсон (5′), Александер Бримсон (11′), Тајрон Пичи (13′) и Митч Реин (68′).
На табелата, Бризбејн со четири поени го држи четиринаесеттото место, додека Голд Коуст е на седмата позиција со шест бодови.



