Синоќа, по двете врзани победи, Калгари Флејмс загубија на домашен терен од Монтреал Канадиенс со 1-2.
На мечот, Шеј Вебер (Монтреал) го отвори резултатот со својот пауер-плеј погодок во десеттата минута.
Само две минути подоцна, на ист начин стрелаше и Елијас Линдхолм, кој израмни на 1-1 за Калгари.
На 115 секунди пред крајот на вториот дел, победоносниот погодок за Канадиенс го постигна Тајлер Тофоли.
За летното засилување од Ванкувер Кенакс, ова беше тринаесетти од вкупните 25 погодоци постигнат во втората третина.
На голот на победничкиот состав стоеше Џејк Ален, кој го заврши денот со 21/22 одбранети шутеви (95,45%).
На табелата на Северната дивизија, Монтреал го зазема четвртото, а Калгари – петтото место.
📸 Gerry Thomas/NHLI via Getty Images



