Канзас Сити Ројалс дојдоа до ,,чистка” во серијата против Детроит Тигерс, победувајќи на сите четири меѓусебни средби.
На последната од нив, гостите од границата помеѓу Канзас и Мисури триумфираа со 2-3.
Детроит, своите поени ги постигна во третиот и во четвртиот ининг, откако по четири бази освоија Роби Гросман и Нико Гудрам.
На спротивната страна, хоум-ран постигна Карлос Сантана, а Ники Лопез и Џерод Дајсон беа другите поентери.
На табелата на Американската лига, Канзас Сити (14-7) го држи првото, а Детроит (7-16) – последното место.
📸 Duane Burleson/Getty Images



