Хоторн Хокс и Аделаид Кроус се соочија во шестото АФЛ коло, во еден од највозбудливите натпревари сезонава.
Имено, накрај, домаќините од Мелбурн славеа со (15.12) 102-99 (16.3) во трилер-завршница.
Хоторн го започна мечот на подобар начин, водејќи со 32-24 на првата пауза.
Во втората четвртина, гостите од Аделаид постигнаа неверојатни десет голови за серија од 60-20 и максимално водство од +32.
Сепак, клучен за поразот на ,,Враните” беше четвртиот квартал во кој постигнаа само два поени, притоа допуштајќи осумнаесет.
Најефикасен фудбалер на мечот, со 33 поени (5.3), беше Џејкоб Кошицке од редовите на Хоторн.
Од соиграчите, одличен ден имаа Лук Бројст (3.1) и Митч Луис (2.1).
Кај Кроус, најефикасен на своето деби во АФЛ беше Рајли Тилторп (5.0), а добра партија имаше и Тејлор Вокер (3.0).
По серијата од четири порази, Хокс дојдоа до првата победа и до петнаесеттото место на табелата, оставајќи го Аделаид на деветтата позиција.
📸 Daniel Pockett/Getty Images



