"BALKAN MARATHON CHAMPIONSHIPЕден од најбруталните, а можеби и најбрутален маратон на кој било кога сум трчал - Киев. Ако Стара Загора е константно брановита стаза, ова беше константно брановита + ужасен ветер. Денивелација 60м, што го знаев и пред самиот старт, но не сум алиби играч, пред старт да куцам оправданија. Мојот резултат во финишот - 2:46, што не е тоа по што тргнав, но што е тука е. Што би рекла @bibicatibica, резултат се брка на добро проверена стаза, не на било каква и било каде, на 'слепо'. Уште на пола од патеката видов дека со 1:20 нема далеку да стигнам, па оставив да течат ритмовите како што дуваше ветарот. Голем настан, големо искуство, а во овие пандемиски услови секоја атлетска трка ме радува дека најверојатно полека работите се враќат во нормала. И уште еден репрезентативен настап за Македонија за мене и тоа во најтешката атлетска дисциплина, Маратон."-стои во објавата на Александар Кираџиев.



