Еднодневниот велодипедски класик ,,Валонската стрела” (фр. La Flèche Wallonne) традиционално се одржува секоја година од 1936 наваму во областа Валонија во Белгија.
Денес, се одвиваше 85. издание на оваа трка, долго 192 километри и возено помеѓу градот Шарлоа и општината Јуи.
На него, Жулиен Алафилип дојде до третата победа на последните четири ,,Валонски стрели”, откако во самиот финиш го претекна Словенецот Примож Роглич.
Двајцата врвни велосипедисти ја поминаа патеката за време од 4:36:25, а шест секунди зад себе го оставија третопласираниот Алехандро Валверде.
На четвртото место заврши Канаѓанецот Мајкл Вудс (+0:08), а заостаток од единаесет секунди имаа Ворен Баргиј, Том Пидкок, Давид Году, Естебан Чавес и Ричард Карапаз.
📸 Luc Claessen/Getty Images



