Во рамките на 30. коло од Првата хрватска фудбалска лига се одигра регионалното дерби помеѓу Истра 1961 и Риека.
Накрај, гостите од Риека успеаја да слават со 1-2 и да се одмаздат за поразот во полуфиналето на купот од 3-2.
Сите денешни погодоци паднаа во првото полувреме, а гостите стекнаа капитална предност од 0-2 после 36 минути игра.
Стрелци за победничкиот состав беа Роберт Муриќ (19′) и Сандро Куленовиќ (36′), кои погодија на три, односно на два натпревари во низа.
Пред паузата, почесниот погодок за ,,Зелено-жолтите” го постигна Шпанецот Еинар Галилеа (44′), кој погоди по само третпат во својата сениорска кариера.
На табелата, Риека изби на третото место, додека Истра остана на претпоследната позиција со бод предност во однос на последната Локомотива.
📸 Srecko Niketic/PIXSELL