По двонеделната пауза поради Коронавирусот, Ванкувер Кенакс се вратија на ледената плоча со изненадувачки перформанси.
Имено, Кенакс двапати во низа ги добија фаворизираните Торонто Мејпл Лифс, најпрво со 3-2 после продолжение, а синоќа со убедливи 6-3.
На синоќешниот меч се случија три пресврти пред да се стигне до конечниот резултат.
Најпрво, Мејпл Лифс поведоа со 0-1, а потоа следуваше водство на Кенакс од 2-1.
Во наредните тринаесет минути игра, Торонто повторно поведе со 2-3, а домаќините дојдоа до триумфот со четири голови во последните четиринаесет минути.
Двоен стрелец за Торонто беше Џон Таварес, а еднаш во листата на стрелците се запиша и Адам Брукс.
Од друга страна, двојни голгетери за Кенакс беа Брендон Сутер и Танер Пирсон, а по еднаш стрелаа Квин Хјус и Нилс Хогландер.
На табелата на Северната дивизија, Торонто сè уште останува на врвот, иако има серија од пет порази, додека Ванкувер ја зазема шестата позиција.
📸 Jeff Vinnick/NHLI via Getty Images



