Во првиот меч од финалето на КХЛ, Авангард Омск славеше над ЦСКА Москва со 1-4.
Гостите од Омск дојдоа до предност од 0-2, со головите на Јегор Чинахов во првата и на Кирил Готовец во втората третина.
На почетокот на третиот дел, ЦСКА го преполови својот заостаток преку Андреј Локтионов, а до крајот, Рид Бушер и Иван Каблуков го поставија конечниот резултат.
Важна алка во победата на гостите беше голманот Симон Хрубец, кој одбрани 28/29 противнички удари (96,55%).
📸 Twitter: ХК Авангард



