На втората трка во новата Ф1 сезона, Макс Ферстапен успеа да дојде до 11. триумф во кариерата, односно до првиот на италијанско тло, ако се земе предвид дека денес се натпреваруваше во Имола.
Возачот на ,,Ред Бул” го презеде водството на почетокот и остана таму во текот на целата трка.
Втората позиција му припадна на актуелниот шампион, Луис Хамилтон, кој за малку ќе останеше без поени поради катастрофална грешка што заврши со среќен крај.
По вторпат во кариерата, на подиумот се пласираше Ландо Норис, а пласманот во топ 5 го комплетираше двоецот на ,,Ферари”, односно Шарл Леклер и Карлос Саинц.
Освен нив, поени освоија уште пет други пилоти: Даниел Рикардо, Ленс Строл, Пјер Гасли, Кими Раиконен и Естебан Окон.
Трката во еден миг беше прекината со црвено знаме, откако Валтери Ботас и Џорџ Расел имаа стравотен инцидент што за среќа помина без последици.
📸 Mario Renzi – Formula 1/Formula 1 via Getty Images



