Во шпанската АЦБ-лига Реал Мадрид во драматичен меч успеа да слави против Хувентут, откако го скрши отпорот во последната четвртина и да го совлада со 101-92 .
Ненад Димитријевиќ мечот го заврши со 13 поени, на кои придодаде и 3 асистенции. Најефикасен кај Хувентут беше Рибас со 20 поени. Во победничкиот тим предводеше Серхио Љуљ со 15 поени.