Популарниот велосипедски класик, Амстел Голд Рејс, беше четиринаесеттиот настан од новата велосипедска сезона.
Имено, трката го носи името на познатиот холандски пиварски бренд, Амстел, кој е нејзин спонзор уште од самото создавање, односно уште од 1966.
Ова натпреварување се одржува еднаш годишно во најјужниот холандски регион Лимбург и претставува транзиција во сезоната, односно од класиците со калдрми, велосипедистите се префрлаат на планински и на спринтерски патеки.
На денешното 55. издание на Амстел Голд Рејс најбрз беше Воут Ван Аерт (5:03:29), кој славеше по четврти пат на некој класик.
Возачот на ,,Џамбо-Висма”, во самиот финиш, беше подобар од победникот на Де Брабантсе Пајл, односно новиот талент на ,,Инеос”, Том Пидкок и од асот на ,,Бора-Хансгрое” – Максимилијан Шахман.
Во продолжение, пласман во топ 10 изборија уште: Мајкл Метјус, Алехандро Валверде, Жулиен Алафилип, Кристијан Збараљи, Михал Квијатковски, Матеј Мохорич и Тош Ван дер Санде.
📸 Bas Czerwinski/Getty Images



