Во шестото коло од новата НРЛ сезона, Менли Си Иглс ги декласираа Голд Коуст Титанс со убедливи 36-0.
За Си Иглс, ова е втора победа во низа, а воедно и втора во сезоната, односно само трета победа над денешниот ривал од 2015 наваму.
Најефикасен играч на мечот беше Рубен Герик (18′, 64′), кој освен двете полагања, погоди еден пенал и 5/6 конверзии што соодветствува на 20 поени.
Освен него, по еден есеј постигнаа Бред Паркер (10′) и Том Трбојевиќ (23′), а двапати поентираше Џејсон Сааб (25′, 45′).
На табелата, со овој триумф, Менли скокна на дванаесеттата позиција, а Голд Коуст остана на осмото место.
📸 Mark Metcalfe/Getty Images



