По трите меѓусебни победи во низа, Аризона Дајамондбекс синоќа загубија од Вашингтон Нешоналс со минимални 1-0.
Резултатот стоеше непроменет, односно 0-0, цели осум и пол ининзи, а единствен поентер беше Кајл Шварбер, кој постигна победнички хоум-ран со последниот удар на мечот.
Од фрлачите на Нешоналс, најдобар беше Макс Шерцер, кој за седум ининзи, запиша десет страјк-аути.
Двете екипи се наоѓаат при дното на Националната лига со тоа што Вашингтон (4-7) ја држи тринаесеттата, а Аризона (5-9) – четиринаесеттата позиција.
📸 Greg Fiume/Getty Images



