На вториот меѓусебен дуел во изминатите два дена, Бостон Бруинс дојдоа до втората победа над Њујорк Ајландерс, откако славеа со 3-0.
Домаќините постигнаа по еден погодок во секоја третина преку три различни стрелци.
Во првиот период погоди Давид Пастрнак, додека во вториот и во третиот стрелаа Тејлор Хол и Куртис Лазар.
За Лазар, кој дојде од редовите на Бафало Сабрес, ова беше дебитантски погодок во третиот настап во дресот на Бостон.
Исто така, овогодинешното руки на голот на Бруинс, Џереми Свејмен, со синоќешните 25/25 одбранети шутеви, дојде до првиот шут-аут во својата НХЛ кариера.
На табелата на Источната дивизија, Ајландерс останаа на второто, а Бруинс на четвртото место.
📸 Steve Babineau/NHLI via Getty Images



