Хјустон Рокетс го запишаа и петтиот пораз во низа, откако синоќа загубија со 99-128 од Денвер Нагетс.
На мечот, Нагетс водеа цело време, со исклучок на воведниот период, а нивната предност од втората четвртина, па сè до крајот беше двоцифрена.
Најзаслужен за вториот триумф во низа на Нагетс беше Никола Јокиќ, кој имаше дабл-дабл од 29 поени и од 16 скокови.
Од неговите соиграчи, дабл-дабл запиша уште Пол Милсап (11 поени и 10 скокови), а Мајкл Портер уфрли 21 кош.
Кај Хјустон, ист поентерски учинок како Портер имаше Џе’Шон Тејт, а попрецизен од него беше само Кели Олиник со 23 поени.
На Западот, Хјустон (14-42) се наоѓа на самото дно, додека Денвер (36-20) ја држи четвртата позиција.
📸 Robert Seale/NBAE via Getty Images



