Андреј Рубљов стана 25. тенисер што го поразил Рафаел Надал на земјена подлога, откако денес славеше во четврт-финалето на АТП турнирот во Монте Карло.
Имено, 23-годишниот Русин беше подобар од своевремено најдобриот светски рекет број еден со вкупни 2-1 или по сетови 6-2, 4-6, 6-2.
Во првата партија, Рубљов изгуби еден гем на свој, а освои три гемови на противнички сервис.
Ситуацијата беше поразлична во вториот сет што Русинот го отвори со брејк, а потоа ги загуби двата последни гемови на свој сервис.
Сепак, Рубљов ја зграпчи победата во решавачката партија, во која одигра потполно исто како и на самиот старт.
За Надал, ова беше прв пораз на земја после 19 септември 2020, кога во четврт-финалето на АТП Рим загуби од Диего Шварцман (6-2, 7-5).
Во полуфиналето во Монте Карло, Рубљов ќе ги одмери силите со Норвежанецот Каспер Рууд.
📸 Alexander Hassenstein/Getty Images



