Во премиерата на 42. коло од англискиот Чемпионшип, Рединг го пречека Кардиф на ,,Мадејски Стадиум”.
Нивната меѓусебна пресметка заврши со пирово реми од 1-1, кое не им одговара ни на двете екипи во битката за плејоф.
Имено, ситуацијата на табелата остана речиси непроменета, со оглед на фактот дека Рединг ја зазема седмата, а Кардиф – осмата позиција.
На мечот, велшките претставници поведоа со голот од пенал на Кифер Мур (87′), кој се запиша во листата на стрелците по 17. пат сезонава.
Од друга страна, реми за фудбалерите на Вељко Пауновиќ избори Јаку Меите со голот во третата минута од судиското продолжение.
Паралелно со овој дуел, Дерби Каунти загубија со 2-1 од Блекбурн Роверс и си ја искомплицираа борбата за опстанок.
📸 Catherine Ivill/Getty Images



